дивиденда ж.

дивиденда (ж.)

Од 1882 до 1907 година чистата добивка изнесуваше 889 милиони долари; од тоа 606 милиони се исплатени како дивиденда, а остатокот отиде во резервен капитал.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
И покрај апсолутното зголемување на индустриското производство и индустрискиот извоз, расте релативното значење на приходите од каматите и дивидендите, од емисиите, комисиите и шпекулацијата за целокупното народно стопанство.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Претпријатијата даваат 12-16 отсто дивиденда, при што не треба да се заборави дека „гениите“ на современата шпекулација умеат во своите џебови да канализираат големи суми профит освен она што се дели како дивиденда.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Перспективата за поделба на Кина го доведува Хопсона до оваа економска оцена: „Голем дел од Западна Европа би можел тогаш да го добие изгледот и карактерот што го имаат сега деловите на овие земји: југот на Англија, Ривиерата, местата на Италија и Швајцарија кои најмногу ги посетуваат туристите и во кои живеат богатите, имено: грст богати аристократи кои добиваат дивиденди и пензии од Далечниот Исток, со малку поголема група професионални службеници и трговци и поголем број домашни слуги и работници во транспортот и во индустријата што се занимава со конечна изработка на фабрикати.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
И навистина, трустот за шеќер одреди монополни цени и доби такви приходи што можеше да исплатува по 10% дивиденда на капиталот кој беше седумкратно „разводнет“, т.е. речиси 70% на вистински уплатениот капитал при создавањето на трустот!
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
ЗТПОК вклучи и одредба која предвидуваше дивидендата од акциите, односно уделите што претпријатието ги издава и ги пренесува на Агенцијата, средствата што ќе се остварат со продажба на објектите од општествениот стандард (одморалишта, рекреативни центри и слично), како и дел од средствата чија распределба е утврдена со овој закон, да се користат за обезбедување на правата и за создавање можности за вработување на работниците кои ќе останат без работа заради сопственичката трансформација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)