движечки прид.

движечки (прид.)

Погледнете ги оние мрсулави студенти од приватните колеџи кои не знаат ни врвци од кондури да заврзат, а треба да бидат движечка сила во општеството.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој е како фатаморгана, низ него со поглед можеш да поминеш: тоа е безбројната, бесформната содржина на ништото кое постои, се движи, зовриена движечка сила што го тера телото да се движи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Едвај нешто повеќе од еден век подоцна, на плоштадот Минстер била подигната статуа на неговиот славен внук, благодарејќи на Лист, како движечки дух за овој чин.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Комунистите, сакајќи општеството да го направат поправедно, идеологијата ја поставија за капетан и кормилар, на местото на Профитот, а пролетаријатот во функција на движечка сила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Движечката сила е жива, не мирува, наклонета е на придвижување кон неоткриеното, неосознаеното за неа, кон нови активности.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Зашто, како поинаку можеше да се одржува на потребното ниво оној страв, онаа омраза и налудничаво лесноверие што ѝ беше потребно на Партијата со нејзините членови, освен преку заробувањето на некој моќен инстинкт и неговото употребување како движечка сила ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Живата движечка сила, душата невидлива – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа заострување на противречностите е најмоќната движечка сила на преодниот историски период кој почна од времето на дефинитивната победа на светскиот финансиски капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тука можеш со голо око да ја видиш тајната, скриената движечка сила на човекот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Грофот Валдштајн бил движечкиот дух по ова прашање, а Електорот бил оној што ги обезбедил средствата.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
-Да, но човекот е во своето тело, како во возило, во кое патува низ времето по површината на планетата Земја, на своето долго патување – зборуваше старецот. – таа непозната движечка сила која го придвижува да оди, кога тој свесно не мисли дека оди, не го остава мирен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)