виолинист м.
виолински прид.

виолинист (м.)

Таму, над ќелавите глави на виолинистите, плива бушавата, светла коса на шансонерката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ова одлично дело првично било наменето за англиски виолинист, жител на Виена, по име Бриџтауер, и првпат било изведено на утринскиот концерт во Огартен, во мај 1803 година. Бетовен свирел пијано, а Бриџтауер виолина.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Неколку години подоцна отпатувал во Бон за да биде во близина на својот братучед Бернхард, со кој бил близок, и ја прифатил позицијата на виолинист во оркестарот на Електорот.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Виолинистот свиреше бавно, се занесуваше.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На серенадата присуствувала целата тајфа на виолинистот Филе, а тајфата ја предводел лично Голем Тодор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да се вратиме ние на Мика. Мика е познат како талентиран виолинист, гитарист, пијанист, композитор и аранжер.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Бетовен ја променил посветата, и една или две години подоцна оваа чест му била доделена на пријателот Рудолф Кројцер, виолинист и композитор, кој дошол во Виена во 1798 година со Бернадот, и се разбира, се запознал со Бетовен.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)