буржоаски прид.

буржоаски (прид.)

Мелодрамата ги пресадила јунаштвата, борбите и патосот на класичната трагедија во релативно едноличниот свет на буржоаското постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
95 Буржоаската јавна сфера го потпомага развојот на јавното мислење кое се спротивставува на државната моќ и има можност да влијае врз политичката пракса.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Буржоаската јавна сфера се заснова на принципите на отворена дискусија и користење на дискурзивната аргументација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таа е обвинета за користење буржоаско влијание во облекувањето, а мажот ѝ за небудност.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не треба да се чудиме на таквата наивност кај буржоаските економисти; ним тоа им е корисно да изгледаат толку наивни и „сериозно“ да зборуваат за мир при империјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Како прво, неговата идеја за буржоаската јавна сфера, како форум на рационална критичка дебата за јавните прашања во која учествуваат приватни лица кои во своите одлуки се водат првенствено од аргументите а не од статусот или традицијата, е повеќе нормативен идеал одошто реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Гласовите на работничката класа и женските гласови не се слушаа во буржоаската јавна сфера; овие исклучени групи мораа да развијат свои, независни форуми на изразување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Отстранувањето на кризите со помош на картелите е приказна на буржоаските економисти, кои сакаат на секој начин да го разубават капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Појавувањето на „буржоаската јавна сфера“ во раната модерност е претставено од Хабермас како позитивен чин.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Вистинската буржоаска сфера беше далеку од егалитаристичка, инклузивна и демократска.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Вие сте неправеден и кон Ленин, кон неговата оригинална и длабока анализа на капитализмот и буржоаските идеи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Споменикот со импозантни димензии и остар, предупредувачки облик што манифестира стремеж за моќ и доминација, каков што пред илјадници години го гледал митскиот Мојсеј во Рамзесовиот Египет, во оваа реалност, пресоздаден е на еден трет континент симболично поставен на просторот помеѓу три западни буржоаски идеала: Независноста, Уставноста и Праламентаризмот претставен во зградата на Конгресот поставена меѓу нив, на Капитол хил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Егоистички си се изживувал, Леме, чисто буржоаски, не водејќи сметка за класната борба на пролетаријатот...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Отфрлајќи ги сите побарувања на семејната божемна невиност и капејќи се во дречлива, неприродна неблагодарност, таа си го виори чувството на надмоќ пред конвенционалните буржоаски канони на моралноста, нормалноста и природноста. ‌Такво чувство на надмоќ над здодевните, нормални луѓе одамна се забележува (се слави или се презира) како одлика на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Класичната трагедија честопати ја имало во понекое семејство – во кралско семејство, сигурно, но сепак во семејство – а мелодрамата можела да ѝ ги одржи жариштето кон семејството и сместеноста во рамките на домаќинството, на тој начин придавајќи им на општествените и на емоционалните ситуации од буржоаскиот домаќински живот нова смисла на величие, горливост и напон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чиста буржоаска пропаганда. Козји анархист.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еве како тој процес се одразува во свеста на буржоаскиот економист: „Дури и во областа на чисто стопанската дејност – пишува Кестнер, – доаѓа до извесно изместување од трговска дејност во поранешна смисла кон организаторско-шпекулативна.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Германскиот буржоаски економист, Хајман, кој на опишувањето на „мешаните“, т.е. комбинираните претпријатија во германската индустрија на железо му посвети посебно дело, вели: „Чистите претпријатија паѓаат под ударите на високата цена на материјалите, при ниските цени на готовите производи“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но чудовишните факти што се однесуваат до чудовишното господство на финансиската олигархија толку паѓаат в очи, што во сите капиталистички земји – и во Америка, и во Франција и во Германија – се создаде литература која стои на буржоаско гледиште, а сепак дава приближно точна слика и – се разбира, еснафска – критика на финансиската олигархија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Веќе е време нашите државни социјалисти, кои се подложни на заслепување од убавиот принцип, да разберат најпосле дека во Германија монополите никогаш немале за цел и не довеле до таков резултат да им носат корист на потрошувачите или барем да ѝ даваат на државата дел од капиталистичкиот профит, туку служеа само за тоа на државна сметка да ја санираат приватната индустрија, која речиси дојде до банкротство. Такви драгоцени признанија можат да прават буржоаските економисти на Германија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Повеќе