анексија ж.

анексија (ж.)

Да претпоставиме дека Јапонецот ја осудува анексијата на Филипините од страна на Американцијте.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Кауцки полемизира со германскиот апологет на империјализмот и анексиите, Кунов, кој резонира грубо и цинички: империјализмот е современ капитализам; развитокот на империјализмот е неизбежен и прогресивен; значи, империјализмот е прогресивен; значи, треба метании да се прават империјализмот и славопојки да му се пеат!
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Империјализмот е стремеж кон анексии – ете на што се сведува политичкиот дел од дефиницијата на Кауцки.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Во Соединетите држави империјалистичката војна против Шпанија во 1898 година предизвика опозиција на „антиимперијалистите“, последните мохиканци на буржоаската демократија, кои ја нарекоа таа војна „злосторничка“, анексијата на туѓите земји ја сметаа за кршење на уставот, постапката спрема водачот на домородците на Филипините, Агвиналдо (му ветија слобода на неговата земја, а потоа истоварија американски трупи и ги анектираа Филипините) ја прогласуваа за „лага на шовинистите“ – ги цитираа зборовите на Линколн: „Кога белиот човек се управува сам себеси, тоа е самоуправа; кога тој се управува сам себеси и наедно со тоа управува други, тоа веќе не е самоуправа, тоа е деспотизам“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Станувајќи против анексиите тој им придава на своите аргументи форма која е за опортунистите најмалку болна и која тие можат најлесно да ја прифатат.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Оваа дефиниција апсолутно не е за ништо, зашто таа еднострано, т.е. произволно, го изделува само и исклучиво националното прашање (иако е тоа извонредно важно како само по себе така и во својот однос спрема империјализмот) произволно и неточно сврзувајќи го само со индустрискиот капитал во земјите што анектираат други нации исто така произволно и неточно истакнувајќи ја анексијата на аграрните области.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Суштината е во тоа дека Кауцки ја откинува политиката на империјализмот од неговата економика, говорејќи за анексиите како за политика што финансискиот капитал ја „претпочита“ и спротивставувајќи ѝ на таа политика друга можна божем буржоаска политика врз таа иста база на финансискиот капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
А самите настани што потоа следувале, как што се анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија и Балканските војни од 1912/13 година, биле потези во таква игра во која Русија и Централните сили ја примениле политиката на одмерување сили на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)