носија ж.
носи несв.

носија (ж.)

Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Власите и нашиот народ се разликуваат по јазикот, носијата, карактерот, така што никојпат Власите не можат да претендираат на наши села; исто така никојпат ние не сме кажувале оти влашките села се наши.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неодамна весниците пишуваа за некој скулптор кој долги години работел во својата вила, во близината на Кичево, кај кој ноќе, наводно, доаѓала монахиња, исто така со џип, но подоцна се утврдило дека под дулбенот со ширитче по рабовите и долгата црна носија на божемната искушеничка се криел поп, хомосексуалец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го гледаше како оди гордо исправен и како живо контрастира со изгледот, синиот костум, облеката во нашето старо маало, меѓу луѓето со работнички и селски облеки, жени со разнобојни и посрмени народни носии, кои ги носеле во планинските села.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По носијата овие го познаа Толета дека е мариовец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Влегуваат Американецот, облечен во руска рубашка, Русинот облечен во каубојска облека и Арапот облечен во македонска носија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Беше мајка му на Проедросот:подгрбавена, во влашка носија со бела шамија врзана згора, налик на синот но со усните посинети и некако оторбешени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Само еднаш. Да пробам еден капут, како божем за мене да ќе го земам, ама, не за џабе се рекло ѓаволот ни ора ни копа, па во следната секунда со крајот на окото видов како мојот ранец трча по „Румели џаде“ на Осман Бег, а јас во неплатениот капут по бабата во романска носија, со широко ромско здолниште (да не кажам сукња), претворена, чиниш, во брзата птица итрица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Издржаа на жештинава. Се плашев некое дете да не ми припадне. Облечени во носии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На 11 февруари се избира селанец, крал и кралица, и тие се главните личности на карневалската поворка која се организира на секој 13 февруари, а во неа учествуваат неколку десетини илјади граѓани сите во разновидни носии, кои може да ги замисли само голема фантазија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Убави моми, со раскошни носии, со мозаични бои, со погача и сол, ги пречекуваа гостите и им пожелуваа добредојде.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дарко мислеше на фотографијата на жена во доцни дваесетти во народна носија, со големи гради и широко лице.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Напред одеше селанец во празнична носија на Блатието и тој носеше дрвен крст со испишаното име - Сандри, син на Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Двајцата седеле во последната клупа со другите родители во чевли со изедени потпетици, накриво, во народни носии, зашто тоа им било најново.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Си ја облеков и носијата од нашиот крај, од Лесковик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Двајца вооружени луѓе, облечени во албанска носија, ненадејно излегле пред децата и ги „плениле“ детето и самиот Прнаров.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе