терање (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Небаре на животни пред терање, пред оплодување.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Немам потреба за биење битки           во некој си квази духовни гладијаторски арени и терање вистини преку лешеви.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 15-16“
        
        (1995)