семинарија ж.

семинарија (ж.)

Но тој веќе не беше тука; бесен, излезе од семинаријата, па се врати со слово друго и ми го подаде препис да учинам, а тоа слово, со буквата Ж што почнуваше, на друг го даде за умножение.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот пристапи, ја осветли книгата и ние видовме верно, како и во ливчињата на отец Мида што стоеше сведоштво: писмото на записот сосем непознато беше, а записот имаше форма на клопче; само во средината на клопчето една буква се одделуваше од другите, по форма и боја: тоа беше буквата Ж, истата онаа поради која добив шлаканица во семинаријата, од Писмородецот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неа ја разбија и ја раскашавија, претворајќи ја во мочурлив терен на неговата душа токму скриените матици на воспитувањето, непрекинатите предупредувања, почитувањето на волјата на татко му, потоа на учителите, професорите во жешовската гимназија, силната волја на реб Аба Апфелблум, но и на неговите професори од рабинската семинарија прочуените Шварц, Гејер и Аптовицер, тие планини од знаење на кои веќе како студент гледаше со стравопочит; со еден збор волјата на авторитетите што го формираа него и во крајна линија неговиот досегашен живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И затоа јас од него се плашев: се боев и двојно повеќе, оти не го сторив ни тоа дело; мастилото го истурив зад семинаријата, а нему му реков дека сум сторил како што ми заповедал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И малку била казната таква за неговиот гнев, па му го одзел и првенството во советот на дванаесеттемина, и го поставил само за клучар беден на семинаријата, кај Јулијан Граматик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И го чекав само денот кога лагата моја спасителна ќе се открие, кога ќе ги види ливчињата на Мида негибнати во семинаријата и кога тупаницата негова ќе падне врз мојот грб. Врз крстот на грбот мој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оној ден кога се слушна дека ќе дојде Филозофот, отец Стефан Писмородецот, насетувајќи разобличување на лагите негови, побара од мене дејание нечесно да сторам: да го украдам клучот од Јулијан Граматик, во библиотеката на семинаријата да влезам, и да му ги донесам од таму претсмртните ливчиња на неговиот отец, Мида.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со една скршена биографија, со срам на жешовскиот рабин, со валканица врз ликот на брилијантниот студент на Виенската семинарија?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И мислев дека ослободен сум, но не куртулив; заповед добив од Писмородецот, утре, кога библиотеката во семинаријата ќе биде отклучена, да влезам, и, кога Граматикот ќе излезе надвор, со црно мастило, мастило на злобата негова, да ги потурам ливчињата претсмртни на отец Мида.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Рече: „Јас клучар сум сега на семинаријата, и никакво чудо не е кај клучар клуч да најдеш.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)