светост ж.

светост (ж.)

Не поретко тој нѐ импресионира со својата техничка виртуозност и го привлекува нашето интересирање со своите иновативни експерименти што ја возбудуваат публиката, навредувајќи нѐ со својата безгрижна незаинтересираност за светоста на уметноста и за митската фигура на уметникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Според етички и морални ерупции, хуманистички параметри и животни концепти како и според некаква идеолошка ентропија, се обидуваме да изградиме сопствени верувања и ефермна вистина за смислата и целта на животот, под услов да бидат базирани на чувството на свесност за стварноста која не опкружува и во која живееме, чувството на светост и чувството на единство со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој ветер раскажува дека светоста на народот е јазикот и дека камењето сега раскажува за него. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Еднаш дадениот збор за него беше светост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Има ли некоја пред-Христијанска метафора за светоста што некоја рок група сѐ уште не ја прославила на своите омоти за плочи?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се потсетувам на Колаковски кога вели дека светоста и секоја величина може да се реализира само во некое окружување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше тука и една голема книга со кожени корици и со позлатени букви, кои времето не можеше да ги избрише можеби поради задржаната светост во неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Задникот е оној дел од телото каде што, според Кабала-та, престојува бесмртноста, и чија што дури и световна конотација задржала извесен призвук на светост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На Махмуд Дарвиш таа година народот на Македонија во својот свет храм му го подари најсветото што можело да му се подари на еден поет - неговата тиха сина светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан во враќањето од егзил на поетот во прегратката на човештвото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Твојот пат е твојата светост.  Твојот пат сочинет од име и идентитет и другите подзаборавени потценети распродадени за туѓ ќеиф, по сопствена вина - доблести и добра сега и материјалните територијалните егзистенцијалните  сѐ за да бидеш и никој, и ништо и да се рассееш по светот БЕСТРАГА, НЕВРАТ ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ надвор од јазикот...  Но твојата трага - длабоко втисната тетоважа на светот - не е само твоја.  Не скршнувај од својот Дом народе мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Огледало на природата, магијата на светоста божја... Ко дијамант од живо сребро на патот до сите искушенија ќе го открие лавиринтот на непреодноста на сите неоткриени нитки, но забележани од времето, од сончевиот отсјај, од очите на уметникот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Му се случуваше светоста на книгата со нејзината моќ да ги обединува луѓето во тешките мигови на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го издава неговата лична човечка слабост, наспроти сиот обид да се претстави како човек на светоста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку си ја сакала самотијата сестра Ангелина, колку си ја почитувала немоста и безответноста, мирисот и тишината во храмот, црната одежда и својата ангелска бестелесност (самата така се чувствувала), толку не ги сакала натрапниците, накинџурените, раскокотени и разголени визитарки и визитари кои, најчесто, не доаѓале на духовно поклонение во манастирската светост, туку да им помине времето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во храмот Света Софија, на чии ѕидови запрела светоста, летот на синиот ангел, како симбол на човековото вечнеење меѓу земјата и небото, потоа на поетскиот мост на излезот на реката Дрим од Охридското Езеро, на пат кон морињата на светот во далечната 1978 година се славеше враќањето од егзил на големиот шпански поет Рафаел Алберти, но и другото враќање од егзил на палестинските поети на чело со нивниот бард Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вистинските пријателски врски за Ивона беа рамни на светост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сметаме дека токму неговото творечко испреплетување на разни медии е она што Ле Гак го прави интересен и, во крајна линија, го квалификува да влезе во ова хибридно и „копиљско“ списание кое има тенденција да ја руши „светоста“ на медиските канони.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таму никогаш не се греши. Што погоре, посвето, во духот на новата партиска светост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Виножитото во црната сува земја го оддава присуството на светоста во природата, во праформа на животот – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе