садријазам м.

садријазам (м.)

Тогаш садриазамот се подисправи во седлото на коњот и со слободната рака, во другата, во десната, го држеше јатаганот, го извика кај себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се истури во смеа садриазамот а заедно со него и сите од неговата придружба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Садриазамот, наеднаш и страшно, извика Илјери и во истиот миг на врвот на јатаганот го крена лебот од тарунот во рацете на старецот, го сврти коњот во полукруг и го бодна спрема прудолу, спрема Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа садриазамот му подвикна: Каде се луѓето? Таму, рече старецот покажувајќи со рака преку главата на садриазамот на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека некои од војниците, по заповед на садриазамот, ги ограбуваа куќите и со јатаган ја ловеа живината, тој, садриазамот, и другите високи военодостојници, исцуцулени во седлата на коњите, стоеја на плоштатката пред црквичката и беа силно завлечени и учудени од идиличноста на местото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа направи садриазамот да го измени решението, а кога со уште некои главешини влезе внатре, во дворот на Имотот, силно се учуди од богатството и уредноста што беше насекаде присутна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Садриазамот се сврти спрема старецот; тоа, да не ја нападне првин главната цел, туку да удри на неа, со сите расположиви сили, дури откако ќе ја обезбеди заднината, беше основа на неговата воена вештина, па сега, упорно загледан во старецот, се прашуваше дали тој не го лаже, дали навистина луѓето се избегани на Имотот?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Освен тоа отепаниот Аќиф беше Арнаутин, а Арнаутите по тоа време, по битката на Шкодранецот со Садриазамот во прилепското поле, беа напреку гледани од Турците, та и таа беше една од олеснителните околности за Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто ти е тоа, се зачуди садриазамот. Леб и сол, рече старецот, така ги пречекуваме гостите. Ние - гости!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но тој и војската уште и не стапнаа до Имотот, Источната порта широко се отвори, а двајцата мажи што излегоа од неа, во господарска облека и невооружени, пријателски му појдоа во пресрет. и сам садриазамот, погодувајќи им ги намерите, ја запре војската.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Заедно со живеалишните и добиточните згради, со живинарниците, кошарите и амбарите, со гумната и оградите за излачување на добиточниот подмладок, со бунарите и коритата за пиење на добитокот и со родните дрвја, Имотот, на садриазамот му се чинеше, се простира до во недоглед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тој миг, во мигот на завојување на Потковицата од страна на Турците, тоа го спаси Имотот од уништување: богатството, уредноста, пресметаната понизност на двајцата мажи што го пречекаа садриазамот, а потоа и онаа, понижувачка но среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивните војски, предводени од Кара Мустафа, садриазамот на Мурад I Ходавендекер, овдека, во Потковицава, одавде стигнаа, на север, по Пазарџиски Пат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)