работнички прид.
работничка ж.

работнички (прид.)

Да беше ден исто така можеше да се види дека сликата е од едно четиринаесетгодишно дете, босо и облечено во измаслени работнички алишта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ги има објавено следните публикации, и тоа главно со тематика од НОБ и напредното работничко движење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стомакот му беше вовлечен и околу половината му се подзавртуваа сините долго носени работнички пантолони.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во името на идната работничка класа сторени се уште многу други дела...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Претставниците на власта и партијата им се радуваа на новите припадници на работничката класа кои засекогаш се збогуваа со животот и со навиките во планините и кои сега, сигурно, ќе му зададат конечен удар на домашниот и на странскиот класен непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова е збирка случаи на веќе завршени и пресудени работнички спорови, добиени од страна на работници-тужители кои се одважиле да ѝ застанат на патот на бескрупулозноста на своите работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По окончувањето на целиот случај, работничката остана и продолжи да работи во фабриката на истото претходно работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се примив и јас на работа во работничките мензи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можете да видите презентација на работничка дневна соба пред и после комунизмот; уживав во овие компаративни нарации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од педесеттите години започнал процесот на работничкото самоуправување.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Работничкиот совет платата мене не ми ја покачи зашто тоа не било возможно без да ми се признае квалификација. Си играа со мене.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од малку нешто прочитаното за историјата на работничкото движење, од малкуте книги во својот кабинет, се обидуваше малку од малку да разбере како можат селаните веднаш да станат работничка класа, и тоа од обични козари, овчари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но директивите на партијата и натаму беа категорични: работничката класа мора да се создаде, откако наполно ќе се дотолчи класниот непријател!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа треба да му однесе облека да се преоблече зашто тој не може да излезе горе на рудината над езерото во работничката облека во која е облечен, целата замастена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дончо не се ни завртува туку продолжува да мава со стапот лево и десно без да забележи дека патчето го има оддалечено од рекичката и дека го влечи речиси по средина на една бескрајна градина: лево домати, десно пиперки и гласот на Чана што го запира како висок плет Каде ти е Митра бре Дончо? и дури сега открива многу работнички околу мајка му.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во градовите се произведуваше малку храна. Селаните тешко стануваа работничка класа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа балканските стратези за преобразба на милионите козари во работничка класа требаше да причекаат други, поспокојни времиња или да се откажат од големите ликвидации на козите, а дотогаш козарите и козите да бидат под будното око на комунистичката партија на народната власт!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Далеку помалку воочлив проблем кој е барем исто сериозен колку кршењето на работничките права е нивното постојано намалување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во времето на дејствието на романот владее сталинизмот, идеологија преку која се настојува козарите кои живееле во блиските планини да ги трансформира во работничка класа, но главниот проблем биле козите донесени со козарите во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе