почитувач м.

почитувач (м.)

- Какво сквернавење на една чиста љубов! – велеа ретките почитувачи на покојниот министер.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Почитувачите на неговото дело, во изјавите после напуштањето на светот на живите, ќе наведат: „Момо Капор навистина многу знаеше.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа беше сабеист, почитувач на култот! Подобие на правдата!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во текот на две и полгодишната работа врз подновеното издание на Правописот на македонскиот јазик, Редакцијата воспостави стручна соработка со голем број специјалисти во одредени области, вљубеници и почитувачи на македонскиот јазик кои со своите стручни совети, сугестии и насоки во голема мера ја помогнаа и ја поддржаа работата врз ова издание на Правописот.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
-Види го животот во си. Биди почитувач на животот. Тој тоа од тебе го бара.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За театрологот Дечова, читањето пиеси како жанр воопшто не е познат во бугарскиот театарски живот но, истиот има многу почитувачи во европските театри.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А ние стиснати еднододруго како во преполн автобус, почитувачи на беспрекорниот ред на нештата, отскраја гледаме, најблиски по крв и месо дека сме тоа: поразените!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)