осамостои св.

осамостои (св.)

Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Убавината станува таинственост. Површините и цртите се одвојуваат од исклучиво предметната врзаност, се осамостојуваат, најнапред во горчливи игри.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потоа пукнатини, пукотници испакнат папок, длабок рез.  Ако треба и љубов ќе водиш ќе го одвоиш телото  ќе го осамостоиш - што би се рекло -  ќе се залагаш за самоопределување до отцепување (еуфемија за отуѓување)  ќе се откажеш од независноста ќе се вратиш неколку века назад  никаде, ничија 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од осамостојувањето на Република Македонија до денес се донесени три закони за трговските друштва, во 1996, 2002 и 2004 година, 1 со тоа што вториот никогаш не стапи на сила.  2 Законот од 1996 година има претрпено дури 13 промени, 3 додека законот од 2004 година досега претрпел 3 промени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Реалната опасност, тој да се отргне и осамостои и да придвижи сопствена налудничава динамика со која може да ја загрози и егзистенцијата на општеството во целина, само е посреден доказ со колку хазард може да се води една политика која себе се смета за центрумашка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Скратениците можат целосно да се осамостојат како именки, и тогаш престануваат да се сфаќаат и да се третираат како скратеници. • Ако се имиња, се пишуваат само со почетна голема буква: Бенелукс, Гестапо, Интерпол и др. • Најчесто се осамостојуваат скратениците што се општи именки: сида, ласер, радар, веце, цеде, уесбе и др. • Со оглед дека една од карактеристиките на скратениците е нивната неменливост, наметнатата потреба за нивно формоизменување значи дека тие престанале да се сфаќаат како скратеници, односно стекнале статус на општи именки или имиња.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)