осамне св.

осамне (св.)

Утрешните весници ги читаме уште пред да осамне денот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Утрешниот ден осамна во сонце и сино небо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Што ќе беше ако кај нас осамнеа атеистичките музеи, овие вистински концентрациони логори на душите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Станав и излегов да видам дали осамнало.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За душата уште се зборуваше во нашето бегалско семејство, а тоа често се случуваше, кога денот ќе осамнеше со абер од другата страна на границата, кој најчесто, ако не и секогаш, во тоа клето време на сталинизмот значеше исчезнување на близок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Градот осамнуваше со старите, но и со нови плакати, пароли: – Да живее социјализмот, Наша иднина е комунизмот, Тито – Сталин иднина, Смрт на класниот непријател, Братство–Единство, Смрт на шпекулантите, Да живеат задругите, Смрт... Смрт на овој, смрт на оној.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Има градови што излегле од пејсажот А кога ќе осамнат стојат на брегот зачудени.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Незаборавниот ден осамнал со неколку богомолски подвиткани кокичиња во присојот на источните манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се осамна и изутрината започна работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ноќта осамна над кусата трева на пустелијата; немаше никакво друго движење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Утредента полициската станица осамна пеплосана.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Денот осамнува сам како секој искусен љубовџија - божем ништо а сѐ се случило едновремено во самоти нив одекнува полниот спарен говор на неговиот и на нејзината домаќинка гостољубието.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Излезена од саќето на муграта, или од пламенот на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин ќе осамне како слутење, дури потоа ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот, а сетне засекогаш со тебе ќе остане пепелта на нејзиниот отсутен допир.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во нашиве медиуми, деновиве осамна вест која ја известуваше јавноста дека актерите кои партиципираат во македонската кино продукција се будали. Зошто?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Најмногу страхувавме еден ден да не осамне и паролата: Смрт на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знам повторно ќе осамне. Зорите се Утре. Иако е самрак сега. Зорите се Утре!
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога секој ден осамнуваме во сегашноста: ние сме огледалото, низ кое минатото има свој одблесок во кој се насетуваат убавините на иднината!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
11 Осамна обично, облачно утро. Томето беше дома, штотуку се имаше вратено од продавница, ги аранжираше цвеќињата на прозорците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе