осамен (прид.)

О, секако, заборавив дека осамена жена е полоша од ѓавол.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Осамена пеперутка во ѕвездено оро неуморно трепка и талка...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Твоето поаѓање го сруши ѕидот на осаменоста... Отсуството засекогаш ме направи тажна.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Самотијата е мачна и тешка, осамените луѓе се несреќни луѓе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во долината осамени скитници црвени усти од каменот на сушите а небото во боите на морето на мојот осамен Полуостров.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Слезе на буништето на животот и во правта на разурнатите денови трага по солилото и поилото на осаменоста
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Крај една осамена врба, на самиот крај од трските, Мече виде три плитки чуна, врзани за врбата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И надвор во игрите, прифаќајте го и не оставајте го да се чувствува осамен и туѓ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој беше осамен дух кој кажува вистина што никој никогаш нема да ја чуе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Дождот стивна и гласот на осамената птица дојде од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Избега и еве го сега овде во оваа осамена колиба ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Осамени вежбачи во њујоршката ноќ ги вежбаат своите мускули.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Две момчиња го варосуваа белото лице на осаменото кафеанче.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Момчето живее во својата песна, таму е и мојот живот и во него си ти осамена, тажно осмевната, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Човекот бил најосамен кога е болен и усрамен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Осамен минувач застанува над телото на смрзнатото девојче.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе