ориентир (м.)

Успеавме да излеземе, но не успеавме да се пробиеме на Руга Анастас Дурсаку, не успеавме да ја најдеме фабриката за цигари која е нашиот единствен ориентир за да ја најдеме зградата во која живеевме пред шеесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејзини главни ориентири во актуелните настани беа информациите кои ги добиваше од централните европски медиуми, проникнувањето во тогашната политика на Европската унија и САД на Балканот, во тоа време, посебно во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Младата генерација на сликари умее истовремено да ги пронајде своите ориентири во таа реалност крајно исполитизирана и покрај тоа што во неа таа не се чуствува многу пријатно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)