орасположи св.

орасположи (св.)

Термос кафе- паузата ги орасположи па и не почувствуваа кога влегоа во селото и застанаа пред една голема дрвена порта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми стана мило. Се орасположив. Имаше со кого да си поразговарам, имаше на нешто да му се радувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Хелвиг очекуваше дека тоа ќе ја орасположи Марша. Но по нејзиниот израз на лицето виде дека не е така...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Опа! Потоа, имаме учителка во друштвото,- очигледно намерата им беше да ја орасположат својата скисната другарка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)