одмор (м.)

На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Согласно законот од 1992, висината на регресот за годишен одмор можеше да се исплати најмногу до висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството, додека висината на отпремнина при заминување во пензија можеше да биде исплатена најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Многупати учителот на часовите по сметање нѐ тераше да пресметуваме колку пати ѕвончето во годината ни штракнува од еден час до друг, или од еден одмор до друг.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Имав чичко учител, кој преку лето доаѓаше в село на одмор.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Одбиваше да игра со топка во дворот за време на одморот и да работи во уметничката работилница, иако поголемиот дел од пациентките со големо внимание ѝ се посветуваа на претстојната уметничка вечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Забележуваме дека тукуречи секоја куќа нуди соби за одмор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во воз на влеча немаше плата сметки се редат, фамилија страда извршител крвник тропна на врата кај има сила не барај правда Роди се човек роб биди животот мачен од лопови, гниди секое лето на одмор на Вардар секоја зима на маса со ајвар Пуста да остане економска криза реши да земе иселеничка виза партали собра во Канада слета татковино курво, децата ги еба
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Мажите поминуваа само еден дел од летото во селото, а тоа беше периодот кога користеа годишни одмори.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во мислата да се вратам повторно во Кочани на годишен одмор моментално ме предомисли другарка ми Ило.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
По заслуга имавме малку одмор по напорното деноноќие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во таа прекрасна врева не забележавме дека одморот завршил и дека веќе влегла наставничката по македонски јазик.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сето тоа со малата приземна куќа даваше целосна амбиентална целина. Совршено место за одмор и медитација.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А на сето друго му плукав и ги проколнував оние што ја измислиле неделата за одмор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Така три дена на големиот одмор трчав до самопослугата, купував, трчаница се враќав и зад училиштето јадевме секој по четири чоколатца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама во време на одморите бевме заедно во училишниот двор. Најчесто игравме брканица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нигде облаче. Долгиот јулски ден ги испратил облаците на неограничен одмор.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе