одмагли (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Зајакот одмагли нагоре и се изгуби низ коријата.
        
      
    
    
    
      „Волшебното самарче“
         од Ванчо Николески 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Денеска јас ќе одам во НКВДЕ, ќе речам и ќе одмаглам.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Трчаа луѓето, фаќаа пусија, замавнуваа со стаповите, бодинаа со вилата, пукаа со пушки, но него некоја среќа го служеше: целото искрвавено ќе одмаглеше во шумата.
        
      
    
    
    
      „Јанsа“
         од Јован  Стрезовски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Време над кое се превалува и превртува маглата  и правот на заборавот... Време за одмаглување.
        
      
    
    
    
      „На пат со времето“
         од Петре Наковски 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Испарив, збришав, исчезнав, се изгубив, одмаглив, на петите им дадов    ветер!
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 26-28“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)