оддалеку прил.

оддалеку (прил.)

Од секаде јата пилишта се креваат над нас и, онака, оддалеку нѐ гледаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секогаш оддалеку ме поздравува, секогаш прв ме поздравува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Други оддалеку ни личеа на фазани или пупунци: носеа шеширчиња со долги подвиткани пердуви.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Оддалеку личи на некаква кула со дупки и вдлабнатини.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Уште оддалеку удира смрад на коњски белеги и гнилеж.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И цветчињата овенаа, како што и самата венеам, мили домаќине!... (Оддалеку се слуша песната „Сите момчиња дојдоа...“ Радосно). Тие се!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Црквичето оддалеку ни личи на камен варосан и закачен на врвот од брегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој нѐ забележа оддалеку и поита да ни ја отвори вратата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само неговиот поглед можам да го почувствувам и оддалеку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа ја нарушуваше и расцепуваше тешката монотонија напластена над сивите покриви и уште оддалеку ги мамеше погледите на минувачите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стрела ги насети оддалеку па почна радосно да лае.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оддалеку веќе се гледаше како стои покрај Неда во црквата и како, некој поп брчи околу нив и ги врти околу бурилцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно попладне, враќајки се со Тамара од ручек, уште оддалеку ја препозна Атина како оди под рака со еден висок маж, елегантно облечен во кремасто одело и шешир на главата во истата боја.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Овие денови водевме борба во Мацково, Германците се повлекоа, ама селото не можевме да го спасиме. Го запалија со запалувачки гранати оддалеку.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Шушлакот шуми по сувите лисја во шум на сеопфатна тишина што доаѓа оддалеку.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Носниците на мачорот го душкаа ноќниот воздух и оддалеку го намирисаа грабливецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А тие, ќе ме сетат уште оддалеку и уште оддалеку викаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе