овие (зам.)

Долгата употреба на овие средства може да резултира со оштетување на црниот дроб, бубрезите, оштетувања на мозокот и оловно труење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најчесто овие чувства можат да се контролираат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите овие измени ние ги гледавме со дулбијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се мешаа националности, вери и обичаи, луѓето живееја во доверба, разбирање, заеднички полесно им се спротивставуваа на ударите на судбината во овие неизвесни времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само иронии можам да претставувам, да шлакам по платното, тоа заслужуваат овие неранимајковци – со возбуда во гласот додаде. –Во трите галерии пројдов!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не знам, мојот млад пријател, дали и колку би можел да допре до овие мои размисли за некогашниот Пасаж? (Дури и гласовите на продавачките што некогаш шетаа зад витрините повторно се овде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Значи таа ја упатила власта за овие скапоцњености.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
(Можеме да си ја замислиме зачуденоста во неговата насмевка додека ги запишувал овие редови).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Помеѓу овие компетентни искажувања разлика не постои.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Гнасна кал. Чиниш сета нечистотија од овие простори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ги гледаш овие двајцана со стиковите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како можел да делува совесно, во многу тешки услови на живот, и при тоа да ги брани одбележјата на културата, уметноста, јазикот, како се изборил за привилегијата: да бидат сочувани сите овие богатства?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Учителот откако ги откри овие самотници во планината, ги засака како свои, одеше таму трипати во годината и им носеше топла облека, храна, шеќер и сол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Годинава се беше случила неродна и феласите ги чуваа овие спасоносни плодови за гладните месеци коишто веќе беа дојдени во овие зафрлени населби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кој каде се наоѓаше бараше камења да се нафрли на бунтовниците и со тоа да си го излее јадот над овие непокорни ѓаури.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
При решавањето на ова прашање не треба да се забораваат и следниве прашања: кои наречја од српскиот и од бугарскиот јазик се признаваат за најтипични за овие јазици и кои нивни особености се признаваат за најкарактеристични за едниот и за другиот јазик?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во одговорот на овие прашања ќе треба да се продолжат расудувањата за народноста на Македонците од таму каде што ги оставивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе