овде-онде прил.

овде-онде (прил.)

Можеби ќе посееше по малку сомневање овде-онде, под претпоставка да се осмелев да го покажам некому.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Овде-онде се белееја сливите во цут, но најголемиот број сливарници и овоштарници беа под вода.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На некогашната холандска идиличност потсетуваат само овде-онде расфрлените ветерници, кои тромаво ги вртат своите крилја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓу калдрмата овде-онде имаше дупки нечиста вода.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овде-онде во публиката се слушна шушкање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Калфите ги отвораа ќепенците на дуќаните. Овде-онде се слушаше нивното тропање.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Овде-онде се издигнаа некои личности, кои што благодарејќи на лихварството и на спахилакот, единствени доходни занимања, станале големи богаташи, а близу до нив, цела маса население со најголеми маки и труд одвај може да најде ’ржан леб за да го смири гладот 4.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А разгранатите, овде-онде по дворовите, расцутени бадеми и праски гореа со своите светлорумени крошни и се преливаа на сонцето, како големи сјајни рубини.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овде-онде, се белееја како бели чадорчиња мали печурки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Овде-онде распукани, парчосани олуци, како нечисти крпи одамна излезени од употреба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По нив тече засирена црна крв а повремено, онде-овде, на површината излегуваат бели чевли и трупчиња на цели деца доенчиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И овде-онде, ми светнува по некоја ѕвезда меѓу буките. Една ќе се скрие, друга ќе се појави. Како што ќе мрдне некоја парошка, така и ќе се појави. 202
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пофаќајќи овде-онде по хартиите за да направам некој ред и за да можам подоцна, по чакарењето низ прозорците, по здогледувањето повремено на по некој што поминува, што ја поткрева главата кон мојата соба и, молчејќи, без ни да се накашла, заминува, пофаќајќи, значи, по хартиите, го најдов оној плик со писмото на брат ми од Мелбурн и зедов да го препрочитувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овде-онде има и по некој коров, но тоа е за кратко.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тој се врти овде-онде, и душка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Стоеја нафрлени овде-онде неколку реченици кои, меѓутоа, не можеа да се поврзат меѓу себе во некоја целина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но можам да си претставам мали јазли на отпор, расфрлани овде-онде... мали групи луѓе поврзани меѓу себе, како постепено растат и дури како оставаат неколку документи зад себе, за да може идната генерација да продолжи таму каде што сме застанале ние.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Идн Парк, во кој се пресели и во кој, наспроти неговиот феноменален раст сѐ уште се чувствуваше воздухот на природата околу него бидејќи овде-онде имаше рамни ниви, среде блоковите од куќи што беа од ранчерски вид, канцеларијата на доктор Станеф беше еден кат погоре, но во сосем нова зграда од тули во која на целиот кат беше сместен супермаркет со стаклени врати, кои сами се отвораа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Водата, самата вода, неговата вода, го беше поткопала ридот и го отвори минатото, ровко, растресено, со по некоја коска овде-онде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе