најнов прид.

најнов (прид.)

Секое сабајле станувавме во шест часот, се строевме по височина, го кревавме знамето и ги слушавме најновите вести.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Најновите истражувања кои се правени неодамна покажуваат дека корисниците на марихуана кои долги години дувале трава имаат огромни шанси да закачат рак на мадињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Дури може да се рече дека во најновата историја на Македонија Србија изигра поголема улога од Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарските студенти имаат големи претензии да се претставници на најновите течења на човечката мисла.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сме ги облекле најновите алишта и сонце ни грее на образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа име сега вештачки се поддржува во Македонија, како што и се насадува таму во најново време името Србин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нѐ чинат стопати повеќе: 1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров. 2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” на нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Благодарејќи ним, во најново време се откажавме да си избереме едно од нашите наречја за наш општ литературен јазик, а наместо тоа зедовме да се учиме и да пишуваме на туѓите соседни јазици, најповеќе на бугарскиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
90. За да се увериме во тоа дали моиве заклучоци за резултатите од востанието се правилни или пак приговорите на моите противници се правилни, ќе треба да се разгледаат тие настани од најновата историја на Македонија во кои најсилно се пројави националното самосознание, а имено, ќе треба да се разгледа: преродбата на Македонците, настаните што послужија како причина да се разбуди народниот дух на Македонците, какви размери и каков правец зеде тоа разбудување?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Облечен во бела припиена кошула која му ги оцртуваше набабрените мускули на градниот кош, некои фраерски фармерки со искинати џебови и патики по најнова мода.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Излеговме со Сталинка и другите кози крај реката небаре сакајќи да ја провериме најновата историја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе блеат како телиња, ќе зеваат како мамлази и едвај ќе чекаат да дојде паузата за да ги покажат своите најнови тоалети и костими со кои ќе го истакнат својот статус у смрдливата универзална сала која патем не е реновирана уште од кога е направена и за која не се знае кога ќе ѝ падне таванот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Што гледаме ние во најновата бугарска историја? Бугарија добива политичка слобода, најважното нешто во народниот живот, уште тогаш кога кај нив немаше народни идеали, кога и самите не знаеја што сакаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
138. И во овој поглед Мисирков точно го антиципирал идниот развиток, зашто Бугарите навистина дури во најново време (1978) настапија токму така во однос на изградбата на македонскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Англичанецот го прекина: - Да, но ние треба да ја имаме во предвид и најновата Одлука на Конференцијата на амбасадата од 9 ноември годинава во која се вели да водиме сметка на следново: патот Дебар - Струга наполно да е вон албанската територија и на тој начин да се обезбеди слободна економска комуникација меѓу двата града.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како по некој договор, сите дружно, козари сосе козите од маалото, се зададоа кон реката, сите во тек со најновите историски настани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова е мошне индикативен дел од најновото творештво на поетот, затоа што и љубовта и каменот и птицата стануваат нешто што никогаш не биле во неговото пеење: стануваат само и единствено тоа што се.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се обидувавме да ги слушнеме и другите шепотења на татко ми, во врска со Сталин, по најновите вести.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе