искра (ж.)

На мала цврста лединка прскаат жолти сонца под копитата на гладот Темни концентрични тежини бујат над пејсажот зрел што плаче со искри од леб Луд виор од млади надежи сонува шарени звуци – широка песна на ветрушка Огромни товари ден лазат по долгиот пат од солзи и од смев
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Два најниски акорда на темната клавијатура на облаците се судрија Два погледа под искрите нивни се зачудија Четири бели раце низ темнината на дождот вознемирен се побараа Се доближија се најдоа со болката со смеата со занесеноста стара...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сѐ додека во него тлее жарче и додека од него се откинува искра и сѐ додека под прстите ја чувствуваш топлата спуза, сѐ дотогаш тоа е дел од животот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Рацете на децата трчаат по патот на твојот глас и ги збираат искрите на свежиот поток По жилите на царските мигдали течат водите на младото сонце. Сѐ е создадено.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Искри секаа на сите страни околу мене, се искреа низ дамарите на крвта, месечеа попреку, однапред, секаде, на парчиња месечеа... убивајќи ми ја надежта!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Искри ми прскаат ко гламна да удрил некој од земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја разбуди во мовот притаеноста на огнот; доживувајќи го својот златен сон, искрата ќе вивне од себе самата и ќе ја плисне шумата со пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги гонеа светулките, ги фаќаа, како жарчиња ги држеа во рацете, па ги расфрлаа над своите глави како искри.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И ако не умрам дома туку кај што стии пиштат в борба искри кај што л'штат блазе, речи на душата - има зошто душа да е!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста ѝ се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во земјанката молк. Сал прскање на искри се слуша и дишење долго што распарува гради.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Удираш со жеголот врз каменот - а од него се будат и полетуваат искри во мракот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Децата го видоа и тоа дека на рацете има неколку прстени сѐ од сребро и злато, а еден меѓу нив беше најголем, со камен што светка како искри да фрла.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Човекот го спушти куферчето и во тој миг во неговите очи забележав искра на изненадување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јас сум за Југославија, велам и гледам во искрите што ги растура локомотивата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од локомотивата се прскаа в мрак илјадници искри, таа брзо ја цепеше далечината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И прскаат искри ко скрувци сол да пукаат, ко икри од риба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Телото ќе го исчистите со нагонот на повраќање, секогаш кога пред очи ќе ви се појават слики и кога искри ќе ви ги потресат нервите во мозокот, ќе ви се згрутчува крвта во тромб од помислата дека сте живееле во лага, дека сонот бил лажен, дека сѐ било само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
62. Најдобриот начин некој да успее во качувањето на брегот е да биде рицар во полн оклоп - таков што од ударите на копитата на неговиот коњ врз падините на брегот молскаат искри.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Повеќе