актер м.
актерство ср.

актер (м.)

Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се жалеа на пороци и грубости од професорите кои не се воздржуваат од примена на сила како метод за зајакнување на актерското его.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Еднакво важела за сите истополови сексуални актери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На банкет–вечерата беа поканети главните актери на претставата со авторот и режисерот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Требаше уште, од двете страни, актерски да се одигра среќното заминување со сите облици на вообичаената празна реторика.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На неодамнешната промоција на програмата на Скопскиот летен фестивал во фоајето на Македонскиот народен театар, познат македонски актер, се обиде на една средовечна директорка на библиотека да ѝ ја објасни специфичната позиција на актерите во уметничкиот свет.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Игралиштата за баскет зјаеја празни, а во вечерните часови кучињата скитници беа главните актери на темните маалски улици.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се сеќавам, на крајот од претстава што беше дел од содржината на еден театарски фестивал, актерот што седеше до мене во публиката, изреагира бурно токму во мигот кога еден од актерите наредени на сцената како пред стрелачки вод, почна да аплаудира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ама актерите на бесмртната љубов се многу жилави во битката со смртта.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Бев изморен и измачен од театарската пиеса во кафеаната во која сите актери ги имаа научено улогите однапред, а само јас бев негативниот лик кој требаше да ја игра улогата како што знае и умее.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На крајот да го кажам и ова: Актерите се клучниот сценски реалитет, но, одвреме-навреме, потребна е некаква Флоренс да ги потсетува да не прават будали од себе, особено кога не ќе можат да ја согледаат својата суштествена функција - коавтори на претставата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Актерот му ја исполнил желбата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Не можиме да ризикуваме заради еден порнич, во кој што патем речено актерката не е ниту просек, свесно да се руинира организацијата на отпорот која што е градена со години.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Љубоморен сум на актерите преку кои таа доживува некој свој свет, нешто што ѝ недостасува.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Многупати сум бил сведок на челни луѓе (и на аспиранти за челна позиција) во театарот, како и на актери, режисери и други кои, благодарејќи на вроден недостаток, не можат да кажат кога жанрот е чист, а кога е меланж.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Типичен апологет е Ристо Шишков, актерот со кој за време животот малку сакале да се ракуваат, после смртта се претвора во апогеј на македонското глумиште за сите времиња.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Што се однесува до мојата тема театарот, деновиве во дневниот печат прочитав како еден актер им удира врела шлаканица на други двајца чинители на театарскиот чин во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кај вратата застана и се сврте. „Си држел ли некогаш актерка во својот скут, другар началник?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ете, тоа е отсутноста од актерската игра за која мислам дека се случува само во нашиот театар и за која немам никакво оправдување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, како што е запишано во делото на Вајлд, младиот Греј, воопшто не ѝ посветува внимание на поуките од двајцата пријатели, па и понатаму смета дека единственото нешто што заслужува љубов е актерката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе