спис (м.)

Ти ги испратив тебе поради твојот занесен изглед небаре без престан посматраш водени отсјаи стари карти кутии кои се отвораат само пред сведоци списи кои се даваат на реверс саркофази врз коишто светлосните зраци смртоносно се вкрстуваат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нив ќе ги сретнете во оној неугледен Регистар на забранети списи , ме упати тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
154. Мисирковава книга во многу погледи претставува и полемички спис, актуализирана дискусија по најсуштествените прашања на македонската национална индивидуалност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во татковата библиотека, низ одбраните книги, списи и ракописи, мапи и документи, се допираа Исток и Запад, големите медитерански религии христијанството, исламот и јудејството и тоа не само низ главните свети книги Библијата, Куранот и Талмудот, туку и низ бројните теолошки расправи, филозофски трактати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И кога одбираше кои книги ќе ги земе, покрај постојаните, пред заминувањето со вовчето, Татко ги зеде и списите за миграциите на јагулите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По приемот на барањето Врховниот суд на РМ веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена ќе побара од првостепениот суд да достави препис на списите од предметното досие, а по потреба и изјаснување од повисокиот суд за времетраење на постапката пред него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мајка ми се сеќаваше на една од ваквите ноќи, во куќата крај езерото, кога татко ми, од прастарите цариградски списи, пишувани на рака со арапско писмо, а се однесуваа на блиските предели – откри каде може да има хромна руда.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
133. Константин Порфирогенит (905-959) е византиски цар и автор на повеќе историски списи, меѓу кои и „За управувањето на Царството”, каде што дава многу податоци и за доселувањето и животот на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вникнат длабоко во тајните на балканското петвековно време, благодарејќи на старите битолски кадиски списи (сиџили),кои што ги откри и на коишто им го посвети животот, свесен дека постосманското време на Балканот, во вековите што ќе следат ќе мине во борби за апсолутно докажување на посебните етнички идентитети од кои ќе настанат новите балкански држави нации.
„Граница“ од Луан Старова
Немаше биро, немаше витрини со списи по нив, немаше дури ни телефон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во некои тајни партиски списи дури и се навестуваше опасноста, ако не се преземат итни мерки, повикот „Пролетери од сите земји, обединете се!”, да заврши со „Козари од сите земји, обединете се!”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
До последните денови од животот Климент Камилски ламентираше пред своите најверни пријатели, книгите, запрени по многу патувања во неговата волшебна, митска библиотека, во која имаше и многу негови значајни списи и записи, во еден рафт и сребрената табакера подарена од Ла Пасионарија од деновите на Шпанската граѓанска војна...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Светите списи! Божјиот аманет!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Она малку верување што останува во луѓето, ги спасило списите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со такви мисли, тој ќе зачекори во Битола, во потрага по старите отомански списи кои се чини дека неколку векови се криеле токму во еден од битолските вакафи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И таму, на млади години, го мачеше тајната дали под двете езера разделени со една планина, се мешаат нивните води и се формираат многубројни пештери, како што се велеше во преданијата и се претпоставуваше во научните списи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
СТЕВО: Сум бил двапати порано. Носев некои списи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе