онаму прил.

онаму (прил.)

- Погледни онаму, чади - покажа преведувачот. - Одиме да видиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еден народ што си го загубил својот јазик личи на еден човек што си го загубил патот и не знае од каде иде и на каде оди и којшто не знае зошто оди ваму, а не онаму или таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали мачорот имаше начин да го насочи своето сочувство онаму каде што тоа беше потребно?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе ми појде дури онаму онака и пак ќе ми се врати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие знаеја дека од него помош не можат да имаат, но како да не се занесеш во надеж кога ене онаму од ридот да скочиш низ баџа дома на софра ќе се најдеш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пресечи ѝ го вратот и фрли ја дури онаму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Онаму отаде гледам еден одред специјалци како ефикасно извршува некоја своја задача меѓу жени, деца и старци.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Болеше душата, ама онаму длабоко, онаму во црните горливи длабочини, каде се судруваше стравот со страв.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Би можела да те бакнам како тогаш и онаму во аголот... зошто сѐ се троши само бакнежот останува на моите усни...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Подбивај се со мене, со мојата чест, но пред да заминеш врати ме онаму од кај денеска ме зеде!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не напуштајте го домот без... Индустријата нѐ учи дека дом е онаму каде што ние сакаме да биде и дека тие можат да ни помогнат да се чувствуваме како дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Има само еден лек за та болка: дозволи му на љубовта да живеј онаму каде шо се родила.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И брзнува крв дури онаму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секаде, па дури и онаму каде сме биле сами.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гратче како и многу други, заседнато во подножјето на планината, така како што слегувале луѓето од селата и се запреле онаму каде што почнувало полето - токму како сточари што се спрепнале да станат орачи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Твојот живот е некаде, а мојот е онаму...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чешмите се како овдека вака, а пештерата онаму горе, во камењана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се разбираме некако со Витомира. И еба го, не ќе се разбереме! Оти да не се разбереме? Тукуречи исти зборови зборуваме. Само тие ги вртат наонаму, а ние наваму зборовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе