крив (прид.)

Прво да видиме кој е крив за сегашното востание на кого паѓа најголемата одговорност за него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакаме ли уште еднаш да не ѝ послужиме на Турција и пак да не ги направиме криви другите за нашите грешки?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога во глобалистичката агенда не е предвидено Формирање на невладини организации Кои сесрдно ќе се борат за неотуѓивите права на кривите краставици И од нив да се прави салата на европските трпези Како што на пример на почетокот на дваесет и првиот век Имаше портокалови и други невладини организации Кои со каранфили и рози им го поплочуваа патот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
— Најпосле си заклучи и си вели со умот: „Се виде, таа, џанум; тој ќе биде, крив, слеп“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И по кривите вади да пропуштиме води за оризите млади и зелени лободи.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Овде најмногу фрапира формата во која доминира кривата линија и елипсовидната форма.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Честопати се гледаме како секој да му е крив секому.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За поразот на Демократската армија сега бевме криви само ние.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак не знаеше дали дедо му е крив или не.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На појасот напред му беа вкрстени два пиштола со сребрени дршки, а на колкот му висеше крива тогашна сабја.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но во сѐ тоа ние сме малку криви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што имаш криви нозе и дека малку си свиткан напред и шијата ти е втисната во широките раменици, многу не се гледа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја допрев со прсти болката во слепоочниците и ми се стори дека врвовите на пораснатите нокти ја минуваат коската и растат зад неа криви, непокорни и готови да искинат сѐ што е во мене, и жиличе и мисла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но новите управници во Бугарија ни велат: тоа е Русија крива; Русија се плаши од една голема Бугарија и затоа: таа го кладе Фирмилијана, таа сега не сака да ѝ даде на Македонија автономија, таа не нѐ остави нас да се подготвиме и да војуваме со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па не се криви тие, времињата се такви : еднаш се прави приватизација на општествениот капитал!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе