што
Види и:
што (зам.)
Вид збор: Сврзник
Ранг: 303
1.
(за однос) Во реченици со релативно надоврзување.
Ние сме екипа што игра еднаш неделно.
2.
(за однос) Заедно со колку, за споредба врз основа на количество.
Јадев колку што можев.
3.
(за исказ) Во зависносложени реченици.
Многу жалам што не дојде.
4.
(за причина) Во зависносложени реченици во сооднос; дека, затоа што, бидејќи.
Се радувам што ве гледам.
5.
(за причина) Во зависносложени реченици во сложени сврзувачки состави; заради тоа што, поради тоа што, затоа што.
Англиски:
because
Дојдов затоа што сакав да те видам.
6.
(за последица) Во зависносложени реченици заедно со така; така што.
Колата се расипа така што не стигнавме на време.
7.
(за последица) Заедно со толку, толкав, таков.
Беше толку пијан што не можеше да оди.
8.
(за време) Заедно со само - само што.
Само што седна да јаде, заѕвони телефонот.