хармонија
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3953
1.
Пријатно истовремено звучење на неколку тона, благозвучје.
Примери:
Хармонијата на песната, хармонијата на стихот.
2.
Дел од теоријата на музиката.
Примери:
Предава хармонија на Академијата.
3.
Согласување на делови од една целина.
Примери:
Хармонија на формите, хармонија на интересите.
4.
согласност, еднодушност
Примери:
Во хармонија со барањата, во хармонија со времето.