секне
секнат; секни, секнете; секна, секнаа; секнал; (ќе) секнеше, (ќе) секнеа; (ќе) секнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7309
1.
(само во 3. л.) - за молскавица
Примери:
Беше темно, само одвреме-навреме секавица ќе секнеше.
Слично со:
молсне (св.)
3.
Удри со секало, огнило во кремен за да запали огин.
Албански:
godet
Секна неколку пати и запали цигара.
4.
Пресуши, престане да тече.
Примери:
Сите чешми секнале.
Реката секнала.
5.
Одеднаш престане, прекине некакво дејство, активност.
Примери:
Смеата секна веднаш кога се чу гласот на наставникот.
Слично со:
престане (св.)