разузнава
Види и:
разузнае (св.)
разузнаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 58552
1.
Распознава некој предмет, појава меѓу други.
Примери:
Детево почна веќе да разузнава.
2.
Собире податоци за положбата, силите, тајните на непријателот.
Примери:
Тој мораше постојано да разузнава што готви непријателот.