а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

работен

работни
Вид збор: Придавка
Ранг: 236
1. Кој сака да работи, трудољубив.
Англиски: diligent
Примери:
Ќерка му беше многу работна.
Зеде жена работна.
2. Кој работи, кој живее од својот труд.
Англиски: working
Примери:
работниот народ
работните луѓе, работните маси
3. За време на кое се работи, наменет за работа.
Англиски: busy
Примери:
работно време
скратено работно време
работен час
во работен ден
4. За животни - кој дава корисна работа.
Англиски: working
Примери:
работен добиток
работен коњ
5. Назначен за работа; кој се употребува за време на работа.
Англиски: professional
Примери:
работен кабинет
работна маса
работна просторија
работна соба
работна облека
6. Воопшто што се однесува на работа, што служи за работа.
Англиски: occupational
Примери:
работна атмосфера
работни навики
работен однос
работен карактер
Изрази
(разг.) Работна сила, рака (труд, енергија) - збир од физички и умствени способности што човекот ги користи при работа.
Работна сила - луѓе коишто извршуваат или се способни да извршуваат некаква работа.
Работен народ (маса, луѓе) - луѓе што работат, што живеат од својот труд.
Работен колектив (заедница, организација) - сите вработени во една установа, претпријатие и сл.
Работен стаж - определено време што треба да се помине во работен однос за да се стекнат определни права; време поминато во работен однос.
Работен однос - однос меѓу работникот и работодавецот.
Работен добиток - животни што се користат за извршување корисна работа.
Работна акција - доброволна работа од јавен интерес што ја извршуваат определени општествени, пред сѐ младински организации.
Работно место - работа, служба, должност на работа; место на извршување на работата.
Работна рака - човек (луѓе) како работник.
Изведенки
работно прил.