поослободи
  
     
     
  
  
        Види и: 
        	ослободи (св.)
         
	
    
    
      
          
            
              поослободат
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 20422
	    
	
    
    
      
          1.
          Ослободи донекаде некого или нешто од оној или од она што врзува, држи, притиска и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кога ги поослободи рацете од тешкиот товар, му олесна.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Ослободи донекаде од обврска, должност, обвинение и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Летото тој го поослободи од работните обврски.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Направи некој донекаде слободен, охрабри некого.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој се заври за да ги поослободи од чувството дека им се вмешува во разговорот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  охрабри (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          (се поослободи) Се ослободи донекаде од некого или од нешто што држи, врзува, притиска и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              По разговорот тој се поослободи од грижите што го притискаа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          (се поослободи) Се ослободи донекаде од обврска, должност, одговорност и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Откако дојде новиот колега, тој се поослободи од должностите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          (се поослободи) Се чувствува донекаде слободен, се охрабри. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              По неколку случајни средби, момчето се поослободи да ја покани на забавата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          поослободува несв.
поослободуваат
          
          
          
        
      
    
поослободуваат
 
   
         
	        