поздрав
мн. поздрави
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2521
1.
Зборови и вообичаено движење, гест (со рака, глава, тело) при средба или разделба како израз на пријателство, почит или формална пристојност.
Англиски:
greeting
Албански:
përshëndetje
Поздрав за добредојде.
Срдечни и пријателски поздрави.
2.
Подарок, симболична порака како знак за почит или за милост.
Англиски:
greeting
Албански:
përshëndetje, dhuratë
Поздрав ти праќам шарена шамија, да ја носиш да не ме заборавиш.
Тој ми даде чоколадни бонбони и скап пијалак, поздрав од мајка му.