откине
откинат; откина, откинете; откинав, откинаа; откинал; откинат; откинев, откинеа; откинел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3732
1.
Одвои дел од целина.
Примери:
Домаќинката откина парче од тестото и го расука.
Кучето му откина парче од панталоните на крадецот.
Слично со:
скине (св.)
2.
спаси, ослободи
Примери:
Стариот го откина момчето од рацете на терористите.
Ти ме откина од сигурна смрт.
Слично со:
ослободи (св.)
3.
Со тешкотија изговори, изусти или испушти извик, лелек.
Англиски:
drop
Албански:
them, lëshoj zë
Одвај откина еден збор од устата.
4.
(се откине) се спаcи, се ослободи
Англиски:
save
Албански:
liroj, shkëpus
Игор одвај се откина од полицијата.
Мајка му за влакно се откина од смрт.
5.
(се откине) Изговори со тешкотија, офне, лелекне.
Примери:
Му се откина еден лелек од градите.
Изведенки
1.
откинува несв.
(се) откинуваат
(се) откинуваат
2.
откинување ср.
мн. откинувања
глаг. им.
Пример: Во кусите откинувања на свеста од темнината го понесов тој лик.
мн. откинувања
глаг. им.
Пример: Во кусите откинувања на свеста од темнината го понесов тој лик.