откачи
откачат; откачил; откачен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3411
1.
Симне, извади нешто што е закачено, обесено.
Примери:
Момчето ја откачи тамбурата од ѕидот и почна да свири.
Тој го откачи палтото од закачалката.
Спротивно од:
закачи (св.)
2.
Оддели од целина.
Примери:
Железничарите ги откачија двата последни вагона и по пет минути возот замина.
3.
Оддели, раздвои од некого.
Примери:
Одвај го откачивме детето од тоа друштво.
4.
Напушти некого.
Примери:
Таа ги откачи другарите и замина дома.
Со мака се откачи од глувата старица.
5.
Оддели, раздвои двајца, тројца, повеќемина еден од друг.
Примери:
Се степаа, едвај ги откачивме.
6.
Помине доста од предвидениот пат.
Примери:
Откачиле доста од селото.
7.
Каже нешто што не соодветствува на ситуацијата, без целосна контрола.
Примери:
Откачи една пцост.
8.
(се откачи) Се оддели од нешто за кое бил закачен.
Примери:
Куќата се откачи од дигалката и сандакот падна.
Последниот вагон сам се откачи на надолнината.
9.
(се откачи) Се оддели, се раздвои.
Примери:
Одвај се откачи од таа девојка.
10.
(се откачи) Му се испушти неконтролиран збор, недоволно обмислен, несоодветен на ситуацијата.
Примери:
Глупости! - му се откачи.
11.
(се откачи) Побудали, се мрдне од умот.
Примери:
Тој ептен се откачил.
Слично со:
побудали (св.)
Изрази
Зборува откачи-закачи - зборува неповрзано.
Изведенки
1.
откачува несв.
(се) откачуваат
(се) откачуваат
2.
откачување ср.
глаг. им.
глаг. им.