а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одрече

одречат; одречи, одречете; одреков, одрекоа; одрекол, одрекле; (ќе) одречев, (ќе) одречеа; (ќе) одречел; одречен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6567
1. Не признае нешто што е кажано, направено.
Англиски: deny Албански: mohoj, refuzoj
Примери:
Обвинетиот одрече дека е виновен.
2. Отрфли нешто.
Англиски: reject Албански: refuzoj
Примери:
Му беше соперник, но не можеше да ги одрече неговите доблести.
Рече дека ќе дојде, па потоа одрече.
3. Одговори на обраќање.
Англиски: deny Албански: kthej
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој го ислуша, но ништо не му одрече.
4. (се одрече) Се откаже од нешто.
Англиски: secede, give up Албански: pranoj, dorzoj
Примери:
Се одрече од сè само за да ѝ угоди.
Изведенки
1. одречува несв.
(се) одречуваат
2. одречување ср.
глаг. им.
3. одрекува несв.
(се) одрекуваат
4. одрекување ср.
глаг. им.