нишани
  
     
     
  
  
      
          
            
              нишанат
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 8959
	    
	
    
    
      
          1.
          Бара цел, насочува оружје со помошта на нишан кон целта.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Нишанеше долго и нерешително го одлагаше пукањето.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Има, пројавува некаква намера, се стреми кон некоја цел.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Проникна во нејзините мисли и знаеше каде нишани. 
	              
	            
	          
	            
	              Сфати веднаш каде нишани со тоа распрашување.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          нишанење ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        