крај
мн. краеви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 134
1.
Завршок на населено место или на некаква површина.
Примери:
крајот на градот
на крајот на нивата
на крајот на светот
Слично со:
завршеток (м.)
2.
Дел од населено место.
Англиски:
area
Имаат куќа во најубавиот крај на градот.
Живее во сиромашниот крај.
Слично со:
кварт (м.)
3.
покраина, област, предел
Примери:
планински крај
приморски крај
северен крај
револуционерен крај
Слично со:
предел (м.)
5.
Раб, црта, крајна страна на нешто.
Англиски:
end
Дојде до крајот на улицата.
Седна на крајот од каучот.
Слично со:
раб (м.)
6.
Завршок на некој предмет.
Англиски:
end
Го пресече крајот на мушамата.
Слично со:
завршок (м.)
7.
Последен момент или период од нешто минливо.
Англиски:
end
крај на годината
крај на работното време
Изрази
Го извлече подебелиот крај - настрада.
Којзнае кај ќе му излезе крајот - којзнае како ќе биде, како ќе заврши.
Му го најде крајот - успеа да направи нешто, најде излез.
На крај на ум не ми иде - не ни помислувам на тоа.
Не му се гледа крајот - не се знае кога ќе заврши.
Стапот има два краја - во судир двете страни може да настрадаат, неизвесно е која.
Одвај врзува крај со крај - одвај успева да преживее со малку.
Изведенки
крајченце ср.
мн. крајченца
ср. дем.
мн. крајченца
ср. дем.