карта
  
     
     
  
  
      
          
             мн. карти
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 1516
	    
	
    
    
      
          1.
          Цртеж на Земјината површина, на одделни нејзини делови или на други небески тела.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              карта на светот
	              
	            
	          
	            
	              георафска карта
	              
	            
	          
	            
	              астрономска карта
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  мапа (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Цртеж со специфични податоци што служат за определени научни истражувања, за определени потреби.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              политичка карта 
	              
	            
	          
	            
	              ботаничка карта
	              
	            
	          
	            
	              железничка карта
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Мало парче хартија, пластика, картон, во правоаголна форма, што служи како билет за превоз со превозно средство, како влезница, пропусница и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              автобуска карта
	              
	            
	          
	            
	              повратна карта
	              
	            
	          
	            
	              Купи карти за во кино.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  билет (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Примерок од комплет картончиња, ливчиња што меѓу себе се разликуваат по боја, број или цртеж и служат за различни игри.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    card
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                letër, biletë
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              На секоја карта добиваше. 
	              
	            
	          
	            
	              Отсутно му ја подаде картата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Попис на јадења и пијалаци во ресторан, кафеана.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Дневна карта на јадења.
	              
	            
	          
	            
	              винска карта
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  мени (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Плоснат дрвен сад во форма на матарка во кој се служи вино, cе кани на свадба и сл. 
        
         
	          
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                enë
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              На сретсело пак се сретнаа и ги изменија картите со вино и шишињата со ракија.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  матарка (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Лична карта - документ за идентификација на едно лице, легитимација.
          
      
        
          
            Членска карта - документ со кој се потврдува членството во некоја организација и сл.
          
      
        
          
            Визит-карта - карта за претставување во определени средини, што го содржи името, адресата, телефонот, професијата, должноста и др. на сопственикот.
          
      
        
          
            Дописна карта - карта што служи за допишување; в. картичка.
          
      
        
          
            Гледа на карти - прорекува, претскажува судбина со помош на карти.
          
      
        
          
            Последна карта - последен аргумент, доказ; последен обид, последно средство.
          
      
        
          
            Кула од карти - несигурна работа, без реална основа.
          
      
        
          
            Игра со отворени карти - јавно, отворено ги кажува своите намери; отворено пристапува кон некаква работа, разговори сл.
          
      
        
          
            Му (ти, ми...) оди на карти - има среќа во игра на карти.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          картачки прид.
картачкиот
Што се однесува на карта.
Пример: картачка дружина
          
        
      
        картачкиот
Што се однесува на карта.
Пример: картачка дружина
          
          2. 
          карте ср.
мн. картиња
дем. и хип.
          
          
        
      
    
мн. картиња
дем. и хип.
 
   
         
	        