а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

инкасо

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Наплатување на доспеана меница или чек.
Англиски: collection
Употреба: Економија
Примери:
Ви нудиме можност за користење на инкасо што ќе ја зголеми сигурноста на бизнис-релацијата и ќе го олесни работењето со вашите добавувачи и клиенти.
Правното лице кое сака да изврши плаќање на нерезидент со документарна наплата - инкасо, за да може да ги подигне пристигнатите документи, мора да изврши плаќање во согласност со инструкциите наведени во пропратната документација.