бод
мн. бодови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 25002
1.
Поен, единица со која се означува степенот на успешност при натпреварување.
Примери:
Нашата екипа освои два бода.
Слично со:
поен (м.)
2.
Поен, единица за проценување вредност на нешто.
Примери:
Ова прашање носи половина бод.
Слично со:
поен (м.)
3.
Убод со игла или со друг шилест предмет.
Примери:
Еден бод во прстот и се појави црвена капка крв.
Слично со:
убод (м.)