па (сврз.) - наместо (прил.)

Како еден од најупотребуваните се смета џиткањето од зграда кое секогаш завршува со фатални последици освен доколку не намеравате да се фрлите од понизок кат па наместо да ја исполните намерата која сте ја замислиле, да се каете што сте останале инвалид со скршени нозе и ребра.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Nevada“, во следната секунда, покажуваше 18:40:15. бројките на рускиот часовник беа големи, светли врз темна основа,па во склоп со металниот ремен, изгледаа некако стабилно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А, пак, жалбата на тужениот делумно се усвои – со што, при преиначувањето на диспозитивот т.е. изреката на пресудата, дојде до мала корекција на сумата на име трошоци – имено, таа беше зголемена, па наместо првично досудените 280 ЕУР, таа сега изнесуваше 450 ЕУР, а не како што бараше адвокатот 725 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7 Скопска апелација (преку судскиот совет во состав Ј. Јовановски – претседател, Д. Сапунџиева и А. Ш. Асани – членови), во февруари 2011, носи второстепена пресуда со која жалбата на туженото МВР кое го изгуби спорот се одбива како неоснована и се потврдува првостепената пресуда на Кумановскиот суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)