па (сврз.) - брзо (прил.)

Нивните карактери некако се дополнуваа, па брзо ги зближија. Станаа блиски пријатели, неразделни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Станковски е прилично контроверзен човек, така што и покрај скафандерот на питомост што го навлекол (ко заштита, или етички принцип?!) последниве години, сепак се чувствува снажна енергија на преобликување, која не ве остава рамнодушен, се разбира, па брзо упаѓате во вртлозите на љубов- омраза што ги емитира тоа корпулетно тело на господинот сликар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Црната сенка отскокна врз белиот снег, испуштајќи стравотен рев, па брзо, меткајќи се лево-десно почна да се повлекува назад.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)