па (сврз.) - предмет (имн.)

А тужителите целосно му ја препуштија одговорноста за водење на парницата на својот адвокат (Ивановска) – па предметот 18 месеци беше заталкан во фамозните судски лавиринти, а се помрдна од „мртва точка“ дури по поднесената ургенција до судот, по што истиот експресно беше пронајден и беше назначен нов судски совет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По донесувањето на пресудата, следуваше иницирање на второстепена жалбена постапка од страна на тужениот работодавач кој го изгуби спорот – па предметот отиде во Апелационен суд – Скопје каде што тужителите „паднаа“ т.е. го изгубија спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во одговорот на тужбата, тужениот работодавач „Водостопанство“ целосно ги отфрли тужбените наводи, останувајќи цврсто да ја брани исправноста на својот потег за кој велеше дека е во согласност со интерните Правила за работен ред и дисциплина (1994).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа сума беше зголемена за затезната камата, а во поглед на парничните трошоци, откако нивниот полномошник изречно не побара трошоци (!?) беше донесено решение – секоја странка сама да си ги сноси своите трошоци, иако тие успеаја во спорот и го добија во целост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)