Значи, и со бегол поглед може да се дојде до заклучок дека домашната „популарна ликовна уметност“ нема допирни точки со некои светски текови на популарноста, и тоа не само затоа што очевидно не произлегува од една развиена пазарна логика (според која навистина постои законот на понуда и побарувачка, а не само побарувачка), туку и затоа што не ги развива своите комуникациски обрасци (што сепак се случува во турбо-фолкот) и заостанува во непроменливоста на малограѓанскиот вкус (за секогаш детерминираните критериуми на „вредност“) и во парохијалниот аутизам (инцестуозна некомуникативност). Маргина 37 171
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Секој разговор за популарната визуелна уметност, барем онаа што не е филм или спот, денес се одвива на еден лизгав терен каде што се мешаат „реалните“ дискурзивни формации на популарното со посакуваните дискурзивни формации на популарното.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Поради сево ова, приказната за популарното (без оглед дали поаѓа од турбо-фолк естетиката или од традиционалистичкиот аутизам) за многумина веднаш ги стекнува сите негативни конотации.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)