Татко ми во неделите приватно го практикува својот занает крај неа оти во чело на ѕидот има големо огледало, а и заради посебната столица, дрвена се разбира, која повеќе наликчува на берберска фотелја отколку на столица: широка, со дрвени  потпирачи за рацете и задна потпорка во која убаво легнува грбот.
               
             
           
            
            
              „Исчезнување“
               од Ташко Георгиевски 
              (1998)