потоа (прил.) - излезе (гл.)

Подаде глава и потоа излезе.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Гледав малку а потоа излегов да прошетам со мојот пријател Џон Овенс.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Останатите приближно двесте студенти останаа да гледаат со очевиден интерес.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Појадувавме леб со лажичка путер и чај, а потоа излеговме пред бараката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отла рече: „Сега побрзај, додека има вода.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една прекрасна играчка - ќе ти се допадне“; потоа излезе на дождот, отиде до една мала продавница во близината, која сѐ уште работеше повремено и се врати со една картонска кутија, „Не лути се човеку“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Летното сонце не можеше да ни ги стопли коските, се тресевме и ги триевме дланките една од друга, и нагоре-надолу од бутовите до колената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Коритата ги ставија на средината од просторот помеѓу двата реда кревети, а казаните покрај коритата. Потоа излегоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Раката влегува во кадар, потоа излегува од него.  Хашишот не нуди создавање.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)