оние пак, кои го завршиле талкањето,  влегуваат во метрото  влегуваат како во олтар од длаборез  и уште неседнати  почнуваат да 'рчат,  'рчат во сите тонови,  мнозина басираат  ама има и такви кои фаќаат  високи октави,  заспаните 'рчат ли 'рчат  ама нема кој да ги чуе  отшто јапонија да ми ти била  земја на затворени прозорци  а јапонците да ми ти биле  луѓе со затнати уши  кои кога се будни во метрото  спокојно си читаат  додека сонародниците  им се дават од 'рчење  - ем си 'рчат, ем набрзина  каснуваат нешто во сонот  оти во кусиот сон има време и место  сал за една плескавица  (и тоа на месечина)  што во мекдоналдсите  се нарекува хамбургер.
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)